Домашна изолација за деветмина, пациентката со потврден корона вирус е во добра состојба
Покрај пациентката кај која вчера беше потврден корона вирус на Инфективната клиника во меѓувреме се тестирани уште две лица, кај едното е негативен резултатот, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања...

Сопатниците од комбито со кое патувала скопјанката инфицирана со корона вирус, остануваат во домашна изолација. Контактирале само со семејствата. Хоспитализираната пациентка на Инфективна клиника нема компликации поради вирусот, и се лекува во изолација.
Покрај пациентката кај која вчера беше потврден корона вирус на Инфективната клиника во меѓувреме се тестирани уште две лица, кај едното е негативен резултатот, а кај второто парцијално позитивен и се прават дополнителни тестирања, информира министерот за здравство Венко Филипче.
Едниот е возач на камион кој патувал преку северна Италија со симптоми на грип и неговиот тест е негативен, а вториот случај е жена која со сопругоит била на патување во Рим. Нејзиниот тест е само парцијално позитивен што може да биде вкрстена реакција од други вируси. Затоа се прави дополнително тестирање за да се отстранат сомнежите. Резултататите ќе бидат готови за два часа, истакна Филипче.
Денеска во 13 часот ќе има состанок комитетот за координација на активностите заедно со припадници на МВР на кој ќе биде утврдено дали ќе продолжи домашната изолација за лицата или тие ќе бидат преместени во центрите за изолација на инфективните одделенија.
