Вишеградска група: Поддршка за евроинтеграција на Западен Балкан
На состанокот на 4-те држави од Вишеградската група и земјите од Западниот Балкан, учествуваа и министрите за надворешни работи на Словенија и Австрија, и еврокомесарот за проширување Вархеји.

Министрите за надворешни работи на Вишеградската група земји во Прага дадоа поддршка за евроинтеграцијата на Западниот Балкан. На состанокот на 4-те држави од Вишеградската група и земјите од Западниот Балкан, учествуваа и министрите за надворешни работи на Словенија и Австрија, и еврокомесарот за проширување Вархеји.
Приоритет на Словачка, Полска, Унгарија и Чешка е земјите од Западниот Балкан да напредуваат на патот на интеграцијата во ЕУ и да ги трансформираат нивните земји со демократизација и реформи.
Вишеградската група земји поддржува и поголема регионална соработка на Западниот Балкан. Потпишан е меморандум за соработка меѓу Меѓународниот фонд на Вишеградската група и Фондот за Западниот Балкан.
