Кривичен суд

Мијалков: БЈБ го водеше случајот „Монструм“, УБК беше вклучена со помагање во информации

27.02.2020 12:41

Случајот го воделе од Бирото за јавна безбедност- вели Мијалков. За настанот дознал половина час после убиството, а Управата била вклучена со помагање во информации.

Со сведочење на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска во скопскиот Кривичен суд продолжи судењето за предметот „Монструм“ кој се однесува за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковското Езеро на 12 април 2012-та.

Случајот го воделе од Бирото за јавна безбедност- вели Мијалков. За настанот дознал половина час после убиството, а Управата била вклучена со помагање во информации.

По Мијалков се очекува да сведочат и поранешните министри Муса Џафери и Блерим Беџети.

Пред рочиштето, обвинителката Фетаи побара МВР да реагира и да го обезбеди сведокот Зоран Трајковски кој два пати добил покана за сведочење, а има и наредба за негово присилно спроведување во судот.