Тодоровиќ не дојде на рочиштето за „Рекет“, судењето одложено за утре

27.02.2020 13:27

Првообвинетиот Бојан Јовановски има предложено 12 сведоци, а второ обвинетата Катица Јанева, поранешна шефица на Специјалното јавно обвинителство, има предложено 13.

Рочиштето за предметот „Рекет“ е одложено. Не се појави најавениот сведок- поранешниот градоначалник на Општина Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ. Со писмен поднесок го известил судот дека од 25-ти до 28-ми февруари ќе престојува во Бугарија поради деловни обврски.

Првообвинетиот Бојан Јовановски има предложено 12 сведоци, а второ обвинетата Катица Јанева, поранешна шефица на Специјалното јавно обвинителство, има предложено 13.

Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“ и за „примање награда за противзаконито влијание“, додека Јанева се товари дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.