Ангеловска-Бежоска: „НБСтат“ е европски дизајнирана платформа за статистички податоци
Меѓу централните банки на земјите кандидатки за членство во големото европско семејство ние сме една од првите коишто имаат ваков портал, а достапен е и на англиски јазик, појасни Ангеловска- Бежоска.

Со поддршка од Европската унија којашто финансиски застана зад проектот „НБСтат“ со кој се воспостави оваа статистичка алатка, успеавме да се вброиме меѓу централите банки кои што имаат одговорено на предизвикот да ги искористат можностите што ги нуди денешната технологија за да обезбедат поедноставна и посеопфатна достапност на статистичките податоци до различните категории корисници, имајќи ги предвид актуелните потреби и најновите трендови во оваа сфера, посочува гувернерката Анита Ангеловска- Бежоска во интервју за порталот „Банкарство.мк“.
Меѓу централните банки на земјите кандидатки за членство во големото европско семејство ние сме една од првите коишто имаат ваков портал, а достапен е и на англиски јазик, појасни Ангеловска- Бежоска.
Како што нагласува Ангеловска-Бежоска, сега, достапноста на статистиката на Народната банка е многу подобра и посоодветна во рамките на глобалниот статистички простор.
