ВМРО-ДПМНЕ: Владата неподготвена за Ковид-19

27.02.2020 13:53

Од партијата велат дека се загрижени поради слабиот капацитет на надлежните институции да одговорат на ситуацијата.

„Корона вирусот стигна и во македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и Владата на СДСМ, покажаа неорганизираност и хаос“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека се загрижени поради слабиот капацитет на надлежните институции да одговорат на ситуацијата.

„Во Македонија се детектираше првиот заразен со корона вирус, но, Филипче не знае да ја информира јавноста како жената стигнала до Клиниката за инфективни болести. Сегмент што е многу важен за превенција од корона, и кој говори дали има контрола на граничните премини или не. Филипче и надлежните кажаа различни работи. Прво, кажаа „сама заминала на Клиниката“, потоа  кажаа „беше спроведена до Клиниката“, за да на последниот прес синоќа Филипче каже сосема спротивна и најнова верзија или дека „не кажала на граница дека е болна“- изјави Дафина Стојаноска.

Загрижува и фактот што Владата повикува на користење средства за заштита меѓу кои и маски. Но, наместо да овозможи достапност на маските, цените се енормно покачени, а од Владата нема никаква реакција- велат од партијата.