СИРИЈА

Идлиб: Терористите почнаа офанзива со бомбаши-самоубијци

27.02.2020 14:36

Според државната агенција Сана, терористичките групи употребиле десетици бомбаши-самоубијци и автомобил- бомби во западниот правец на Саракиб.

Единиците на нелегалните оружени групи со поддршка од турските трупи почнале офанзива на градот Саракиб во сириската провинција Идлиб.

Според државната агенција Сана, терористичките групи употребиле десетици бомбаши-самоубијци и автомобил- бомби во западниот правец на Саракиб.

Владините сили возвратиле со интензивен артилериски оган, десетици терористи биле убиени, а неколку оклопни возила уништени.