Средба Груевски-Кени: Ирска ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија

07.03.2014 15:13

Македонскиот премиер Никола Груевски, кој учествува на самитот на Европската народна партија во Даблин, денеска имаше средба со неговиот ирски колега Енда Кени, на која беа потврдени добрите односи меѓу двете земји, но и поддршката што Ирска ја дава во процесот на интеграција на Македонија во ЕУ.

На средбата со ирскиот колега истакната била и важноста на Ирска во нејзиниот ангажман во рамките на институциите на Европската Унија, особено во Европскиот парламент што се однесува до задржување на континуитетот на проширување на Унијата.

Пред се и за главниот проблем што ни е наметнат од нашиот јужен сосед и нормално барање за подршка од Ирска. Од корист ни е оваа среедба за понатамошна соработка и продолжување на комуникацијата“, изјави премиерот Никола Груевски.

Македонскиот премиер на маргините на Конгресот изјави дека идната Европска комисија треба да биде свесна дека прашањето за членството на Македонија во Европската унија се уште не е затворено.