Туризам

Откажани аранжманите за Италија

27.02.2020 15:56

Откажани се речиси сите аранжмани за Италија- велат од Стопанската комора за туризам. Уплатените средства на граѓаните ќе им бидат вратени. За уплатените авионски билети, туристичките работници ќе бараат враќање или одложување. За преостанатите дестинации каде што ќе биде откажано патувањето, ќе важат општите услови за патување. Од Комората за туризам се жалат на слабата соработка со институциите...

Откажани се сите аранжмани за Италија- велат во Стопанската комора за туризам на Македонија. Оттаму посочуваат дека ќе бараат рефундирање на парите за авионските билети од „Визер“ или нивно одложување. Поради коронавирусот, велат се откажуваат и аранжманите за другите дестинации.

Од Комората велат дека туристичките компании веќе се оштетени, бараат конкретни акции кои треба да се преземат. Реагираат на слабата соработка со институциите.

И средношколските екскурзии за Италија се одложуваат на неопределено време. До директорите на училиштата издадени се наредби да се придржуваат до препораките за превенција.

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот со Министерството за економија формираа координативно тело кое еднаш неделно ќе ја разгледуваат состојбата за насоки на туристичките компании. Посочуваат да не се крева паника, граѓаните може да патуваат во непогодените места.

Од Министерството за економија велат дека во зависност од ситуацијата ќе се разгледаат опции за откажаните аранжмани за видот и износот на обесштетувањето.

 

Дијана Ценевска