Тер Штеген пред Пепе Реина во Барселона
Барселона го донесе во своите редови Марк-Андреа тер Штеген, информира Goal.com...

Каталонскиот гигант го договори трансферот на младинскиот репрезентативец на Германија, од Борусија Менхенгладбах.
21 годишниот голман треба да добие меѓу девет и дванаесет милиони евра а Бундеслигашот Борусија ќе одигра две пријателски средби со шпанскиот шампион од кои една во Менхенгладбах.
Младиот чувар на мрежата кој ќе потпише верност до 2019-та, има повеќе од 100 натпревари во елитната германска лига, а на голот на Барселона треба да го замени Виктор Валдес кој реши да го напушти Камп Ноу.
Ваквиот расплет ги појаснува работите околу преселбата на Пепе Реина во Барса. 31 годишниот актуелен голман на Наполи најверојатно нема да се врати во Барселона која ја напушти пред 12 години, иако подолго време беше поврзуван со таков трансфер.
