Италијанската финансиска полиција со акција против препродажбата на заштитни маски
Слични ценовни шпекулации се правеле и со течноста за дезинфекција на рацете, по што италијанските полицајци запленилe документи во локалните продавници на Амазон и И-беј.

Италијанската финансиска полиција почна опсежна акција против препродажбата на заштитните маски. Некои модели со вентили чија нормална цена е неколку евроценти, сега се продавале за дури 189 евра преку интернет портали.
Слични ценовни шпекулации се правеле и со течноста за дезинфекција на рацете, по што италијанските полицајци запленилe документи во локалните продавници на Амазон и И-беј.
Против неколку лица се покренати пријави за шпекулирање со цените за продажба на овие производи во време на справувањете со Ковид-19.
За март веќе се откажани 90 насто од туристичките патувања на Апенинскиот Полуостров.
