Турција веќе нема да запира бегалци, мигранти тргнаа кон Европа
Мигрантите по копно и вода тргнаа кон Европа. Меѓу мигрантите има Сиријци, Ирачани и Иранци. Група од околу 300 мигранти од северозападна Турција веќе се упатила кон грчката граница.

Турција одлучи повеќе да не ги спречува сириските мигранти кои тргнаа кон Европа. Турската полиција, крајбрежна стража и граничарите добиле наредба да стојат настрана и да не ги запираат мигрантите од Идлиб во Сирија, каде има еден милион раселени луѓе.
Мигрантите по копно и вода тргнаа кон Европа. Меѓу мигрантите има Сиријци, Ирачани и Иранци. Група од околу 300 мигранти од северозападна Турција веќе се упатила кон грчката граница.
Новиот бран мигранти од Сирија е последица на неодамнешните борби. Турција бомбардираше цели на сириската армија во Идлиб како одмазда за смртта на 33 турски војници.
Анкара ги поддржува сириските опозициски сили, додека сириската армија е поддржана од Русија.
