Косово ги укинува царините за Србија

28.02.2020 12:34

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека царините ќе се укинат за 90 дена почнувајќи од 1-ви април, но доколку Србија продолжи да го поткопува меѓународното признавање на Косово, од 15-ти јуни, Приштина повторно ќе воведе нови економски мерки и царини.

Косовската влада ги укина царините за Србија. Косово 100-процентно ги царинеше суровите материјали од Србија и Босна и Херцеговина.

Косовскиот премиер Албин Курти соопшти дека царините ќе се укинат за 90 дена почнувајќи од 1-ви април, но доколку Србија продолжи да го поткопува меѓународното признавање на Косово, од 15-ти јуни, Приштина повторно ќе воведе нови економски мерки и царини.

Укинувањето на царините за Србија доаѓа по инсистирањето од САД, за да се остранат пречките за продолжување на дијалогот Приштина- Белград. Косово се реши на овој чекор затоа што очекува ЕУ да воведе визна либерализација за косовските државјани на Самитот за Западен Балкан во загреб во мај.