Деркоски очекува партиите да ги почитуваат препораките за јавните собири

28.02.2020 12:40

Владата денеска на седница ќе одлучува дали ќе забрани масовни јавни собири без разлика дали се организираат на отворен или затворен простор...

Претседателот на ДИК, Оливер Деркоски очекува дека партиите ќе се придржуваат до препораките во врска со јавните собири во контекст на превентивата од корнонавирусот.

Се надевам ќе ги почитуваат препораките на Владата. Ситуацијата е таква што мора сите да внимаваме и да се однесуваме одговорно. Се надевам дека ќе се однесуваат одговорно во целата ситуација, рече Деркоски и додаде дека ќе треба да се почекаат листите, за да заземат официјален став по ова прашање.

Владата денеска на седница ќе одлучува дали ќе забрани масовни јавни собири без разлика дали се организираат на отворен или затворен простор, како спортски настани, со цел превенција на ширење на коронавирусот.