Индустриското производство- стимул за економијата

07.03.2014 16:25

Во услови кога поради светската и европската криза имаше отпуштања во многу земји во Европа, кај нас се регистрирани позитивни движења...

Индустриското производство во јануари годинава бележи зголемување  од 6,4 проценти споредбено со истиот месец мината година. Растот и зголемувањето на бројот на работници ќе даде силен импулс врз економијата – оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставревски, посочувајќи -  од 2006- тата до сега има зголемување на бројот на вработени за 27 илјади.
 
Во услови кога поради светската и европската криза имаше отпуштања во многу земји во Европа, кај нас се регистрирани позитивни движења  што според владата ќе влијаат на развојот на економијата до крајот на годинава.
 
Како позитивен сигнал, експертите го посочуваат зголемувањето за 40 % на производството на трајни производи- апарати за бела техника и слично што говори за зголемена потрошувачка.
 
Сузана Фиданска- Стоевска