Туризам

Коронавирусот донесе загуби за туристичките агенции

28.02.2020 14:33

Нема нови откажувања на аранжманите, но ниту нови барања за резервации, велат туристичките агенции. Очекуваат државата да помогне во рефундирање на средствата на граѓаните...

Нема нови откажувања на аранжманите, но нема ни нови барања за резервации- велат туристичките работници. Од агенциите посочуваат дека состојбата е тешка со оглед на неизвесноста која се создаде со коронавирусот.

Авионите не ги прекинаа летовите, хотелите работат велат од агенциите. Оттаму посочуваат дека откажувањето на аранжманите ќе ги зголеми нивните загуби. Очекуваат државата да помогне во рефундирањето на средствата.

Рим, Сицилија, Милано се местата во Италија за кои имало најголем интерес за патување за претстојните празници. Цените за аранжманот за две лица за престој од три дена се движат до 500 евра.

Со цел следење на состојбата, претходно и Агенцијата за промоција на туризмот формира координативно тело кое ќе известува и ќе носи мерки доколку е потребно.

Засега нема промени во дојдовниот туризам. Хотелите во земјава се подготвени да ги пречакаат гостите. Годинава за празниците поголемиот дел се гости од Турција.

 

Дијана Ценевска