УХМР: Дожд и ветер со брзина од над 70 километри на час попладнево
Во Скопје ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места од котлините услови за снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во вечерните и ноќните часови.
УХМР за денеска во попладневните часови најавува врнежи од дожд и силен ветер со брзина од над 70 километри на час. Повеќе врнежи ќе има во северозападните делови каде на планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми. Во текот на денот ветерот ќе биде од јужен, а во вечерните и ноќните часови од северозападен правец.
Во Скопје ќе има врнежи од дожд, а на повисоките места од котлините услови за снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, особено во вечерните и ноќните часови.
Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне вдолж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
