Болниците во Сеул немаат место за пациентите заболени од коронавирус

28.02.2020 15:08

Корејските власти работат да обезбедат уште 1.300 болнички места до крајот на месецов.

Болниците во Сеул немаат место за пациентите заболени од Ковид-19. Над илјада болнички кревети во Воената болница се зафатени и недостига место за речиси 200 пациенти. Корејските власти работат да обезбедат уште 1.300 болнички места до крајот на месецов.

Јапонија ги затвори училиштата и го продолжи распустот на учениците поради зголемениот број случаи на заболени во земјата. Затворен е и Дизни паркот во Токио. Јапонскиот премиер Абе, ја брани одлуката на јапонската влада со препораките на експертите, дека распустот од две недели е клучен за спречување на натамошно ширење на вирусот.

Италијанскиот фудбалски тим „Милано“ играше на затворен стадион и со фудбалери од бугарскиот „Лудогорски“ кои носеле заштитни маски за време на напреварот. Италија по појавата на случаи на заразени со Ковид-19 ги суспендираше сите јавни настапи, со што сите фудбалски напревари од европската лига и серија „А“ се играат пред празни стадиони.