Јанукович во критична состојба- доживеал срцев удар
Наводно, тој преживеал тежок инфаркт и сеуште е во тешка состојба, пренесува Дејли мејл...

Соборениот украински претседател Виктор Јанукович кој е во егзил, моментално се наоѓа во болницата во Москва, пренесуваат руските медиуми.
Наводно, тој преживеал тежок инфаркт и сеуште е во тешка состојба, пренесува Дејли мејл.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин демантираше дека Јанукович починал од срцев удар во Ростов на Дон.
Путин во вторникот истакна дека Јанукович е „жив и здрав“ и дека тој остварил средба со него. Ваквите информации ги потврди и рускиот печат „Московски Комсомолец“.
Нашиот извор ги потврди информациите дека Јанкович доживеал инфаркт. Неговата здравствена состојба е многу лоша, стои во соопштението на Московски Комсомолец, каде не е наведено во која болница се наоѓа Јанукович.
