Судири на грчко- турската граница, Грција спречи влез на 10.000 мигранти
Премиерот Кирјакос Мицотакис соопшти дека Грција ги суспендирала сите барања за азил на еден месец. Анкара тврди дека повеќе од 76 илјади луѓе се движат кон ЕУ, а според ООН, тој број е далеку помал...

Речиси 10 илајди обиди на мигранти да ја поминат границата од Турција кон Грција. Фрлале камења во обид да прејдат на грчка територија. Полицијата употребила солзавац за да ги растера на граничниот премин кај североисточниот град Кастанес.
Границата е засилена со дополнителни 5.500 војници. Премиерот Кирјакос Мицотакис соопшти дека Грција ги суспендирала сите барања за азил на еден месец. Анкара тврди дека повеќе од 76 илјади луѓе се движат кон ЕУ, а според ООН, тој број е далеку помал. Властите потврдија дека најмалку 500 мигранти пристигнале преку морето до островите Лезбос, Киос и Самос.
Засега не е регистриран зголемен број на илегални преминувања на територијата на државава. Македонската полиција и Армијата будно ја следат состојбата со мигрантската криза- уверуваат надлежните. Велат дека се подготвени да одговорат на новонастанатата ситуација. Од МВР велат дека граѓаните немаат причина за загриженост.
