Започна Велигденскиот пост
Постот е телесен и духовен. Се пости на вода, освен во сабота и недела кога може да се консумира и масло. Риба се јаде на Благовештение и на Цветници.

Започна Велигденскиот пост, кој ќе трае седум недели- до Воскресението Христово. Велигденскиот пост нема постојан датум, зависи кога е Велигден, празникот што ја претставува основата на верата.
Постот е телесен и духовен. Се пости на вода, освен во сабота и недела кога може да се консумира и масло. Риба се јаде на Благовештение и на Цветници.
Постот значи воздржување телесно и духовно, телесниот пост е откажување од храна, а духовниот повеќе време за молитва, добри дела, откажување од гревот, покајание.
Тоа се денови за себепреиспитување, воздржување од лоши мисли, зборови и дела, за покајание и за духовно зајакнување.
