Германија ги отвори вратите за квалификуван стручен кадар од странство
Укината е одредбата- компаниите пред да ангажираат странски работници, да мора да докажат дека нема кандидати Германци заинтересирани за работа на одредена позиција, а истовремено е забрзана и процедурата за издавање работни визи.

Стапи во сила новиот германски закон за квалификуван стручен кадар од странство. Германските работодавачи се оптимисти дека на овој начин, ефикасно ќе се надмине проблемот со дефицитот на пазарот на труд.
Укината е одредбата- компаниите пред да ангажираат странски работници, да мора да докажат дека нема кандидати Германци заинтересирани за работа на одредена позиција, а истовремено е забрзана и процедурата за издавање работни визи.
Отсега квалификуваните работници ќе бидат вработувани под услов да зборуваат германски и да се способни да заработат за живот во Германија.
Западниот Балкан традиционално е многу важен за нас затоа што располага со квалификувана работна сила, луѓе што говорат германски, што овозможува нивна полесна интеграција- велат од Федералното биро за вработување.
