Шампионска еуфорија во Бразил!
На 97 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал еуфорија во Бразил, но не затоа што ќе бидат домаќини, туку затоа што „кариоките“ се се поубедени дека ќе бидат шампиони. Страстите дополнително ги зовре импресивната победа во пријателскиот натпревав против Јужна Африка со 5:0.
На 97 дена до почетокот на Светското првенство во фудбал еуфорија во Бразил, но не затоа што ќе бидат домаќини, туку затоа што „кариоките“ се се поубедени дека ќе бидат шампиони. Страстите дополнително ги зовре импресивната победа во пријателскиот натпревав против Јужна Африка со 5:0.
„Ова е победничка генерација. Игравме одлично против Јужна Африка и покажавме дека напредокот достигна врв. Покрај леснотија со којашто триумфиравме, убаво е да се види како Сколари го шири просторот на можности. Во Јоханесбург се појавија Рафиња и Фернандињо. Данте е најдобар трет стопер во светот, а Хулк го заинтригира селекторот и му наметна слатки грижи, дали тој или Вилијан до неприкосновениот напаѓачки тандем Неимар – Фред“, порачува „О’Глобо“ еден од најпрестижните бразилски весници.
„Особено радува соработката. Ова не е репрезентација којашто покрај екипното во себе содржи и индивидуелно натпреварување кој е подобар, туку ова е генерација на којшато не и е важно кој постигнува голови иако тоа најчесто е Неимар“, анализира „Тера Бразил“.
Се пооптимисти се и репрезентативците и селекторот Сколари кој вели дека е презадоволен.
„Покажавме дека сме и повеќе од подготвени“, изјави Тиаго Силва. „Имаме хемија, имаме атмесфера, а на теренот се разбираме до детали. Сколари формира одлична репрезентација“, порачува Фред.
Бразил вторпат ќе биде домаќин на Мундијалот. Во 1950-та во решавачкиот меч за светската титула, „кариоките“ загубија на „Маракана“ од Уругвај со 2:1 што и денес се смета за национална трагедија. На 20-то Светско првенство Бразил ќе игра во групата А со Хрватска против којашто на 12 јуни во Сао Паоло ќе го отвори шампионатот, како и со Мексико и со Камерун. Големото финале ќе се одигра во Рио Де Жанеиро на 13 јули.
