Подготвеност за евентуален нов бран мигранти
Засега нема зголемен број илегални минувања на границата. Од МВР велат дека изминативе денови нема промени на состојбата. Согласно досегашното искуство, тие се подобро подготвени, материјално- технички и кадровски, за попречување на влез на нов бран мигранти.

Поради состојбите на северот на Сирија и последните случувања во Турција, и можната опасност од нов бран бегалци, Македонски надлежни власти велат дека се подготвени да одговорат на предизвикот. На јужната граница состојбата будно ја следат припадниците на Граничната полиција во соработка со припадниците на нашата Армија и на полиции на други држави.
Засега нема зголемен број илегални минувања на границата. Од МВР велат дека изминативе денови нема промени на состојбата. Согласно досегашното искуство, тие се подобро подготвени, материјално- технички и кадровски, за попречување на влез на нов бран мигранти.
Од одбрана и од АРМ информираа- ние сме во координација со МВР и сите инволвирани субјекти за обезбедување на границите. Имаме оперативни планови за тоа кои мерки и процедури треба да ги преземеме согласно информациите и состојбата на границата. Армијата е подготвена во најкус може рок ако треба да се вклучи и да интервернира на границата.
Кон крајот на декември минатата година кризната состојба на дел од јужната граница повторно беше продолжена за шест месеци. Прв пат беше воведена во август 2015-та година.
