Филипини: Заложничка драма во трговски центар

02.03.2020 11:26

Вооружан напаѓач отвори оган во трговски центар во населбата Сан Хуан при што повредил едно лице, а 30 држи како заложници.

Заложничка драма на Филипините. Вооружан напаѓач отвори оган во трговски центар во населбата Сан Хуан при што повредил едно лице, а 30 држи како заложници.

Според информациите, станува збор за незадоволен чувар, кој неодамна ја загубил работата во трговски центар во Манила.

Повредениот бил хоспитализиран.