Евроинтеграции

Европска комисија: Значаен напредок- да се отворат преговори

02.03.2020 13:05

Северна Македонија остварила значаен напредок и исполнување на условите, земјата треба да почне преговори со Унијата- препорача Европската комисија во извештајот, основа врз која земјите- членки треба да одлучат дали ќе дадат зелено светло...

Северна Македонија остварила значаен напредок и исполнување на условите, земјата треба да почне преговори со Унијата- препорача Европската комисија во извештајот, основа врз која земјите- членки треба да решат дали ќе дадат зелено светло.

Преземени се мерки за зајакнување на независноста на судството, напредок е регистриран и во реформата на безбедносните и разузнавачки служби, да се преземат мерки за непотизам и вработувањата кои не се засновани на заслуга- посочуваат од Комисијата.

Извештајот е фокусиран на судските реформи, судењата за висока корупција, вклучително и случајот со СЈО, безбедносните реформи и реформите во јавната администрација.

Европската комисија смета дека се преземени потребните мерки за зајакнување на независноста на судството и земјата се усогласила со сите европски и меѓународни препораки.

Земјата продолжила со проактивни истраги и пресуди за корупција, вклучително и висока корупција, оценува ЕК и бара да се продолжи по тој пат. Работата на комисијата за спречување на корупција и нејзиното формирање се поздравуваат во извештајот.

Во делот на јавната администрација, напредокот продолжува, и Европската Комисија потсетува дека од суштинска важност да се обезбеди професионалноста и независноста на јавната администрација.