Заев: Брисел да го исполни ветувањето
Сега е време Брисел да го испорача ветеното- вели лидерот на СДСМ, Заев. Очекува позитивни резултати, но не сака да коментира дали датумот за старт на преговорите може да се очекува на мартовскиот или мајскиот самит на Европскиот совет.
Извештајот на Европската комисија е потврда на спроведените реформи и доказ дека ние ја завршивме домашната задача. Сега е време Брисел да го испорача ветеното- вели лидерот на СДСМ, Заев. Очекува позитивни резултати, но не сака да коментира дали датумот за старт на преговорите може да се очекува на мартовскиот или мајскиот самит на Европскиот совет.
„Сега не само што е потврдено туку дополнително е верификувано и потврдено дека продолжуваме и покрај историската грешка што беше направена на октомврискиот самит. Затоа јас секогаш ја користам можноста да испратам порака и до европските граѓани и до нивните лидери и до ЕК, да го исполнат своето ветување. Ни ветија, на нашата земја и на нашиот народ. Време е да го исполнат своето ветување“, изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Според Заев, тоа што го вети Европскиот совет беше не подоцна од мај пред Самитот за Западен Балкан во Загреб. Нагласи- ние ќе чекаме.
