Спасовски: Засега нема очекувања за нов бран мигранти

02.03.2020 13:25

Засега нема очекувања за нов поголем бран- вели премиерот Спасовски. Тврди- надлежните институции ја следат состојбата, безбедносниот систем функционира, се очекува Европската унија и Турција да го почитуваат договорот.

Промени на јужната граница нема, земјата е подготвена за евентуален зголемен број мигранти. Засега нема очекувања за нов поголем бран- вели премиерот Спасовски. Тврди- надлежните институции ја следат состојбата, безбедносниот систем функционира, се очекува Европската унија и Турција да го почитуваат договорот.

„Засега нема очекувања дека може да дојдеме во ситуација на зголeмен мигрантски бран, но ако дојде до какво било отворање на рутатата и зголемување на бегалци тие може само да транзитираат или да бидат со времен престој до 72 часа“, изјави премиерот Оливер Спасовски.

Според Спасовски, системот за добро справување со евентуалната миграциска криза функционира постојано и сите надлежни институциисе се максимално посветени на справување со евентуален зголемен број мигранти.