Трипуновски: Граѓаните половина година не знаеле дали јадат ГМО или безбедна храна

02.03.2020 13:32

Лани во перидот од 5-ти јуни до 11-ти ноември, според Трипуновски, не се спроведувал мониторинг согласно Законот за безбедност на храната од страна на АХВ.

Речиси половина година никој во државата не знаел каква храна јадат граѓаните, изјави дополнителниот заменик- министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Тврди дека лани во перидот од 5-ти јуни до 11-ти ноември не се спроведувал мониторинг согласно Законот за безбедност на храната од страна на АХВ.

„Во овој период од скоро половина година никој во државата не знаел каква храна јадат граѓаните. Дали јадат месо со антибиотици и тешки метали, млеко со афлатоксини, антибиотици и лош квалитет, јајца третирани со органофосфорни соединенија или имало можно присуство на ГМО храна и биолошки контаминирана храна. Ова е катастрофална негрижа за безбедноста на храната и здравјето на граѓаните. Зоран Заев и Зоран Атанасов мора да одговараат за ваквата негрижа кон граѓаните и нивното здравје“, изјави Трипуновски.

Дополнителниот заменик- министер за земјоделство, Трупуновски го повика Јавното обвинителство да отвори истрага по допрен глас.