Бензините поевтини за 3, дизелот за 2,5 денари по литар

02.03.2020 12:35

Бензините поевтинуваат за 3 денари, дизелот за 2,5 денари по литар- реши Регулаторната комисија...

Бензините од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 3, а дизел горивата за 2,5 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Новата цена на Еуросупер БС-95 ќе биде 64, а на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 66 денари.

Литар Еуродизел ќе се продава за 56, а Екстра лесното масло за домаќинство за 45 денари. За 3,175 денари поевтинува и мазутот, и еден килограм ќе чини 30,390 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на нафтените деривати бележат намалување и тоа кај бензинот во просек за околу 10,40%, кај дизелот за 9,63%, кај екстра лесното масло за 9,47%, а кај мазутот за околу 12,01%. Во исто време курсот на денарот во однос на доларот е намален за 0,35%.