Ангеловска: Буџетот е во добра кондиција, имаме капацитет да се справиме со какви било шокови

02.03.2020 13:42

Покрај пазарот на капитал, на удар се туризмот и кожарската индустрија. Домашната економија е во добра кондиција, буџетот е ликвиден- уверуваат од министерството за финансии.

Бизнисот будно ја следи состојбата со коронавирусот, ширењето на зараза во странство засега нема директно негативно влијание. Покрај пазарот на капитал, на удар се туризмот и кожарската индустрија. Домашната економија е во добра кондиција, буџетот е ликвиден- уверуваат од министерството за финансии.

„Буџетот е во добра кондиција во првите два месеца и имаме капацитет во секој момент да се справиме со какви било шокови“, вели министерката за финансии Нина Ангеловска. Додава дека рано е да се зборува за финансиски штети поради коронавирусот

Првична реакција, како што рече Ангеловска, имаше на пазарот на капитал, а засега се можни евентуални последици во транспортната и туристичката дејност поради откажаните аранжмани, како и кожарската индустрија што соработува во регионот на Северна Италија.