Нема полуфинале за Јотовски и Деари
Македонските тенисери Томислав Јотовски и Шендрит Деари се поразени во четвртфиналните мечеви на ИТФ Фјучерс турнирот во Шарм Ел Шејк во Египет, вреден 10.000 долари.
Јотовски загуби од петорангираниот Германец Стивен Монеке во два сета, 6-1 и 6-3, додека идентични два сета но шест игри траеше отпорот на Деари против вториот носител, Италијанецот Стефано Траваља.

Јотовски и Деари со по два нови бода на Атп листата, како и Бесир Дургути, ќе бидат дел и од следниот фјучерс турнир во Египет, додека нашиот најдобро рангиран тенисер Димитар Грабул ќе настапи на фјучерсот во Анталија.