Грција

Спречен влез на 15.000 мигранти

02.03.2020 13:50

Полицијата употребила солзавец за да ја смири ситуацијата на вообичаено мирниот граничен премин кај североисточниот град Кастанес, откако била нападната со камења. Границата е засилена со дополнителни 5.500 војници. Премиерот Кирјакос Мицотакис соопшти дека Грција ги суспендирала сите барања за азил на еден месец.

Мигранти што се обидуваат да стигнат до Европа откако претседателот Ердоган ја отвори турската страна на границата се судрија со грчката полиција. Анкара тврди дека повеќе од 76.000 луѓе се движат кон Европската унија, а според Обединетите нации, тој број е далеку помал.

Властите соопштија дека спречиле речиси 15.000 мигранти да влезат во земјата. Потврдија и дека најмалку 500 мигранти пристигнале преку морето до островите Лезбос, Киос и Самос. Едно дете се удавило, а 47 мигранти биле спасени откако нивниот чамец се превртел во близина на грчкиот остров Лезбос.

Полицијата употребила солзавец за да ја смири ситуацијата на вообичаено мирниот граничен премин кај североисточниот град Кастанес, откако била нападната со камења. Границата е засилена со дополнителни 5.500 војници. Премиерот Кирјакос Мицотакис соопшти дека Грција ги суспендирала сите барања за азил на еден месец.

„Прво имаше Сиријци кога почна војната во нивната земја. Ги пречекавме со раширени раце. Им дадовме облека за нив и за нивните деца. Сега ни доаѓаат луѓе од целиот свет и ние треба да се справиме со нив“, вели Гиоргиос Маврагелис, рибар.

„На Европа е да направи нешто. Не може мала заедница како нашата овде да носи таков товар“, изјави Гиоргиос Софинис, жител на Лезбос.

Во меѓувреме турското претседателство соопшти дека турскиот и рускиот претседател Ердоган и Путин на петти март ќе се сретнат на разговори во Москва поради зголемените тензии во Сирија. Официјална Анкара потврди дека почнале воена офанзива против сириските сили поддржани од Русија по зголемените судири во последното упориште на бунтовниците Идлиб.

Последната ексалација се случи по минатионеделното убиство на 34 турски војници. Турција, пак, уби 19 сириски војници во нападите со дрон на први март и урна два владини воени авиони.

Марина Ристова