Дебата во МАНУ

Да се применуваат и подобруваат законите за заштита на животната саредина

02.03.2020 14:43

Законите за заштита на животната средина не треба да останат само на хартија, треба да се подобруваат согласно директивите на Европската унија и да се применуваат на терен- оценува академската фела...

Сите институции да се вклучат во прашањето за животната средина. Не е доволно законите само да се пишуваат, треба и да се применуваат. Ова го побара министерот за животна средина и просторно планирање, Нуредини. Посочи дека постои голема листа на директиви од Европската унија кои треба да се разгледаат и да се усогласат со нашите закони. Ние сме одговорни за законите, инпекторите ги прават контролите, а Јавното обвинителство понатаму го следи целиот процес и решава, дали некој закон е прекршен, вели Нуредини.

Освен владеење на правото и заштитата на природната средина е наш приоритет на патот кон европската интеграција, вели академик Камбовски. Овој проблем заслужува посебна научна опсервација поради критичната состојба во последните неколку години која негативно се одразува врз здравјето на граѓаните, вели.

Право на секој поединец е здравата животна средина. Денеска тоа право се актуелизира до таа мера што одделни храбри колеги правници имаат поднесено и тужби со кои бараат одговорност од надлежните органи во однос на непреземањето мерки за заштита на животната средина, вели академик Камбовски.

 

Александра Спировска