АХВ: Неосновани се обвинувањата на дополнителниот заменик- министер Трипуновски

02.03.2020 15:20

Од АХВ наведуваат дека минатата година и во посочениот временски период, од увоз и од домашното производство и промет, земени и лабораториски биле испитани вкупно 6.929 мостри само од храна од животинско потекло.

Дилетантски и неосновани се обвинувањата на дополнителниот заменик- министер Цветан Трипуновски, со кои се обиде да внесе страв кај граѓаните дека јадат небезбедна храна, соопштуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од АХВ наведуваат дека минатата година и во посочениот временски период, од увоз и од домашното производство и промет, земени и лабораториски биле испитани вкупно 6.929 мостри само од храна од животинско потекло. Трипуновски досега требаше да научи дека официјалните контроли се основа за контрола на безбедноста на храната и нив инспекциските служби на Агенцијата секојдневно ги спроведуваат.

Мониторинг програмите за безбедност на храната, се испитувања кои се вршат покрај официјалните контроли и претставуваат само поширок показател и основа за анализирање на ризикот, стои во рекацијата на АХВ.