Лустрација: Управниот Суд одби 25 тужби

07.03.2014 17:24

Од 48 поднесени тужби по решенијата на комисијата за лустрација,управниот суд како неосновани одби 25.Со тоа се потврдуваат решенијата на лустрациска дека лицата соработувале со поранешните тајни служби или биле наредбодаватели.

Меѓу нив се екс претседателот на Уставниот суд Трендафил Ивановски,Владимир Милчин,актерите Јорданчо Чевревски и Кирил Псалтиров.

Од поднесените 48 тужби по решенијата на Комисијата за верификација на фактите,Управниот суд како неосновани одби 25.Ова значи дека се потврдуваат решенијата на лустраторите дека тие биле наредбодаватели или соработници на поранешните тајни служби.Меѓу нив се поранешни функционери,актери,писатели.Ова е доказ дека Комисијата работеше според законот,без разлика на притисоците и противењата на одредени личности,вели за МТВ првиот човек на Лустрациска.

-,,Меѓу попознатите личности кои се споменуваат во предметите е и еден од најголемите противници на лустрацијата во Македонија-Владимир Милчин, кој кажуваше најпогрдни работи за Комисијата,за членовите и посебно за мене.Управниот суд ја отфрли неговата тужба како неоснована и го потврди решението,со што потврди дека Комисијата не постапувала злонамерно против него,туку ги гледаше само фактите и аргументите презентирани од неговото досие и така реши“, вели Томе Аџиев-претседател на комисијата за верификација ва фактите

Ова е уште еден доказ дека Комисијата никогаш немала намера со некого политички да се пресметува,појаснува Аџиев.Управниот суд уважи три тужби со што се поништуваат решенијата на  лустраторите,а се однесуваат за Иван Бабановски, Николче Бабунски и Слободан Катушевски.

Комисијата за верификација на фактите работи со стариот состав.Новите членови на лустрациска треба да ги избере новиот парламентарен состав по вонредните парламентаAnchorрни избори.

 

Новинар:Милчо Велески

Снимател:Васко Проески