Османи: Исполнети сите предуслови за да биде донесена позитивна одлука на 26-ти март
Во Извештајот се констатира дополнителен напредок, исполнети се сите предуслови на 26-ти март Европската комисија да донесе одлука за започнување на преговори- вели вицепремиерот Османи...
Европската комисија денеска во вонредниот извештај за напредокот на земјава уште еднаш ја потврди препораката за отпочнување на преговорите со Европската унија, соопшти попладнево вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
На прес-конференцијата во Секретаријатот за европски прашања, Османи рече дека во извештајот јасно се констатира реформската определба на државата особено преку успешните резултати во областите кои Европскиот совет ги имал потврдено како приоритети како што се судството, јавната администрација, безбедносните служби и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Во извештајот се констатира дека Република Македонија има направено дополнителен напредок и тоа не само во донесување на законите туку и во имплементирање на законите и успешно функционирање на институциите, рече Османи и додаде дека со тоа се исполнува и вториот предуслов, односно исполнети се двата предуслови за на 26 март да се донесе одлука за започнување на преговори со Европската унија.
Очекува одлука за почеток на преговорите да биде донесена и за Македонија и за Албанија.
