Прилепскиот комбинат работи со добивка, не е повеќе загубар
Прилепскиот тутунски комбинат 2019 година ја заврши со добивка, излезе од групата загубари, а годинава се концентрира во инвестиции, зголемено производство на цигари, успешно продолжување на стратегиското партенрство со „Филип Морис“ и планирање на новото производство на тутун...

Прилепскиот тутунски комбинат не е повеќе загубар. 2019-та година ја заврши со добивка од преку 39 милиона денари. Оперативните приходи се зголемени за три, а расходите се намалени за 16,8 насто во споредба со 2018 година.
Комбинатот имаше инвестиции во енергетска ефикасност во Фабриката за цигари каде производството е зголемено за 15 проценти. денеска ги доисплати тутунарите за ланската реколта на кои им префрли околу 11 милиона евра. И годинава ќе се склучуваат договори за производство на 3.000 тони тутун.
Во комбинатот се 235 вработени што е, велат, оптимално, а договорот со стратегискиот партнер „Филип Морис“ е 10- годишен и е на половината од рокот. Менаџментот смета дека најдобра опција за иднината на Комбинатот кој е во државна сопственост, е приватизација со една од трите светски компании.
Елизабета Митреска
