Уапсени Цариници во Ново Село

07.03.2014 17:29

Раководителот на граничниот премин Ново Село на македонско бугарската граница, заедно со уште шестмина колеги цариници, и шестмина цивили се уапсени утрово под сомневање дека биле дел од организирана група која шверцувала текстилна стока од Бугарија и од Грција.

Според МВР, организираната група дејствувала подолго време. Нарачателите на сомнителната стока која претходно ја купувале во Бугарија и Грција, ја оставале на одредено место само з анив познато во овие држави. Потоа транспортерите ја внесувале во Македонија преку преминот Ново село во смена кога биле осомничените биле на смена.

„Осомничените се товарат за повеќе кривични дела „злосторничко здружување“ „злоупотреба на службена положба и овластување“, „криумчарење“, „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистинита содржина“, изјави Иво Котевски- Министерство за внатрешни работи.

Управата за јавни приходи и Пазарната инспекција ги чешлаат бутиците низ градовите во Македонија каде се продавала шверцуваната стока.

Тоа е втората фаза од акцијата. Сега се откриваат објектите во Струмица, Скопје, Прилеп, Куманово, Василево, Виница, Тетово и Штип. Досега се запленети и осум возила со кои е вршено кривичното дело.

Се уште се пресметува штетата која е нанесена врз државниот буџет.

 

Катерина Кржеска