Евроинтеграции

Мас: Берлин се залага за брз старт на преговорите со Северна Македонија и со Албанија

03.03.2020 10:15

Шефот на германската дипломатија оцени дека двете земји направиле јасен напредок во клучните реформски области, особено во делот на зајакнување на судскиот систем и бробата против организираниот криминал...

Официјален Берлин се залага за брз старт на преговорите за членство на Северна Македонија и на Албанија во Европската унија, изјави шефот на германската дипломатија, Хајко Мас. Тој оцени дека двете земји направиле јасен напредок во клучните реформски области, особено во делот на зајакнување на судскиот систем и бробата против организираниот криминал.

„Пристапните преговори се најдобрата алатка што може да им се даде на Албанија и на Северна Македонија и најдобрата можна поддршка за понатамошен напредок. Без охрабрувачки знак од ЕУ ќе го загрозиме големиот напредок, постигнат последните години. Тоа ќе им наштети и на интересите на ЕУ и на Германија“, оцени Мас.