Пендаровски во посета на припадниците на Армијата на јужната граница

03.03.2020 10:09

Претседателот Пендаровски ќе го посети Транзитниот центар кај Гевгелија каде се врши регистрација на мигрантите.

Претседателот и врховен командант на вооружените сили, Стево Пендаровски денеска ќе изврши обиколка на припадниците на Армијата стационирани на јужната граница на државата.

Потоа, како што соопшти неговиот кабинет, претседателот Пендаровски ќе го посети Транзитниот центар кај Гевгелија каде се врши регистрација на мигрантите.