Израел: Нетанјаху прогласи победа на парламентарните избори
Неговиот политички ривал Бени Ганк изрази разочарување од исходот од овие трети избори одржани во период од една година, коментирајќи дека ова не е резултатот што го посакувале.

Изрелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху прогласи победа на парламентарните избори во земјата, но се уште го нема потребното мнозинство за формирање влада.
Неговиот политички ривал Бени Ганк изрази разочарување од исходот од овие трети избори одржани во период од една година, коментирајќи дека ова не е резултатот што го посакувале.
Победата меѓудругото, ќе му овозможи на Нетанјаху да го исполни ветувањато за изградба на нови израелски населби во Западниот брег, согласно мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп. Палестинците пак категорично го одбиваат овој предлог.
