Ердоган: ЕУ не ги исполни своите обврски од договорот со Турција за мигрантите

03.03.2020 11:09

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Европската унија дека не ги исполнила своите обврски од договорот со Турција за мигрантите. Предупреди дека никој нема право да си игра со честа на Турција.

Бројот на мигранти на турско- грчката граница е над 13.000 лица. Грција од неделата го подигна нивото на заштита на границите до максимум и најави дека во рок од еден месец нема да се примаат нови барања за азил. Тензично е и на островот Лезбос.Последен во низата инциденти е подметнатиот пожар во засолниште за мигранти, а дел од локалните жители и натаму ги блокираат улиците, не дозволувајќи им на хуманитарните работници да им помагаат на мигрантите.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја обвини Европската унија дека не ги исполнила своите обврски од договорот со Турција за мигрантите. Предупреди дека никој нема право да си игра со честа на Турција.

„Пред повеќе месеци посочив дека ако Европската унија не нѐ поддржи во однос на правично споделување на товарот, ќе мора да ги отвориме границите. Ние досега ги исполнивме нашите ветувања во рамките на договорот меѓу Европската унија и Турција. Во овој контекст, нашите очекувања за правичено оптоварување и поделба на одговорноста останаа неодговорени. Никој нема право да си игра со честа на Турција. Европската унија продлжува да практикува двојни стандарди“, изјави Ердоган.

Ердоган нагласи дека бегалците можат слободно да ја напуштат Турција и да ја изберат својата дестинација.