Тимоние: Извештајот на ЕК и методологијата- охрабрувачка основа за старт на преговорите
Премиерот Спасовски денеска го прими амбасадорот на Република Франција во нашата земја Кристијан Тимоние...

Франција со оптимизам гледа на извештајот на Европската комисија, како и на методологијата за проширување како охрабрувачка основа за донесување одлука за старт на преговорите на ЕУ со Северна Македонија, изјавил денеска францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние на средбата со премиерот Спасовски.
Спасовски, како што соопштија од владината прес- служба, на средбата истакнал дека извештајот завршува со уште една препорака за почеток на преговорите и дека тоа е резултат на посветената работа и во периодот на актуелната Влада, во кој се затворија неколку важни реформски прашања, меѓу кои и пакетот закони за правосудството.
На средбата потенцирано дека извештајот, заедно со новата методологија за проширување, му дава на процесот на преговори и на пристапување кон членство во ЕУ кредибилност и претставува добра порака за регионот.
