Граѓаните немаат подигнато над 35 илјади изработени лични карти
03.03.2020 11:59
МВР информира дека во овој момент над 35 илјади лични карти кои што во изминатиот период беа изработени чекаат на подигање...
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните чии нови лични карти се веќе испечатени да дојдат во подрачните единици на Министерството, онаму каде што аплицирале за издавање на овие документи и да си ги подигнат.
МВР информира дека во овој момент над 35 илјади лични карти кои што во изминатиот период беа изработени чекаат на подигање од страна на граѓаните.
