Мигрантска криза

Јужна граница: Нема најава за ескалација за состојбата

03.03.2020 13:03

Нема зголемување на бројот на мигранти, изјави претседателот и врховен командант Стево Пендаровски при посетата на јужната граница. Ситуацијата во пограничната зона е мирна и нема најава дека ќе ескалира. Превентивно е зголемен бројот на припадниците на Граничната полиција и Армијата...

До овој момент нема никакво зголемување на бројот на мигранти на јужната граница освен она што е вообичаено за овој период од годината, ниту пак има назнаки за некаков бран кој деновиве ќе оди кон нашата територија, нагласи претседателот и врховен командант Стево Пендаровски при денешната посета на армиските припадници кои ја обезбедуваат јужната граница.

Ирина Гелевска