Случај „Рекет“

Брендираната гардероба Боки ја добивал на подарок

03.03.2020 13:36

Сергеј Варошлија, Марија Јанковска и Александар Кртов сведочеа на денешното рочиште за „Рекет“. Тројцата сведоци, Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовче Ременски одбраната ги повлече, а сведокот Лидија Јанева доставила медицинска документација до судот дека е под стрес и не може да сведочи...

Сведоците на Боки 13, Варошлија, Јанковска и кртов тврдеа- „како балкански инфлуенсер, модниот свет на јовановски му подарувал брендирани облека, очила и обувки“. Го канеа на разни ревии и промоции познати луѓе од модниот бизнис, сведочеше стилистот Сергеј Варошлија, кој во 1ТВ беше заштитно лице. Тој децидно негираше дека дента кога биле приведени на граница, сакале да побегнат од земјава. Обвинителката Русковска го праша дали му е познато дека постојат докази, односно фискални сметки за брендираната облека одземена од Јовановски.

Сопственичката на оптика, Марија Јанковска во своето сведочење посочи дека често патувале со Бојан, со кого се прјатели од почетокот на неговата манифестација „13-ка“. Му давала брендирани очила за да ѝ ја рекламира продавницата.

Вториот сведок Алекс Кртов, сопственик на галерија, тврдеше дека Јовановски му бил муштерија. Додека го уредуваше станот во Орман му предложив да ставиме некои уметнички слики да постојат некое време. Знаете во тоа време тој беше ѕвезда скопска, и таму се вртеа еминентни луѓе. Имав идеја да направиме аукција во 1ТВ. Во судницата покажа дека има склучено реверс за шест слики од Личеноски, една од Коџоман и некои други оригинали.

Тројцата сведоци, Владимир Тодоровиќ, Дејан Панделески и Јовче Ременски одбраната ги повлече, а сведокот Лидија Јанева доставила медицинска документација до судот дека е под стрес и не може да сведочи.

 

Фиљана Кока