Мигрантска криза

Шеќеринска: Подготвени сме за сите сценарија

03.03.2020 13:41

Системот функционира, подготвени сме за сите можни сценарија, уверува министерката Шеќеринска во однос на состојбата на јужната граница. Армијата помага на цивилните структури за справување со предизвиците. Секојдневна е комуникацијата со Фронтекс и со земјите што имаат свои полицајци на дел од јужната граница. Црвениот крст е фокусиран на обезбедување стокови резерви и прифаќање на евентуалниот бран бегалци...

Подготвени сме за сите можни сценарија, системот функционира, уверува министерката за одбрана Шеќеринска. На јужната граница е зголемен бројот на припадниците на полицијата и армијата која помага на цивилните структури во справување со предизвиците. Комуникацијата со Фронтекс и со земјите што имаат свои полицајци долж граничната линија е на дневна основа. Управувачкиот комитет побарал да продолжи нивниот ангажман.

Апелираше, да не се шират лажни вести и дезинформации, посочувајќи ја веста за наводно насилство и проблеми на границата кај Битола. И покрај одредени критики зошто се продолжува кризната состојба, се покажа дека бевме во право, имајќи во предвид дека ситуацијата од 2015-та може да се повтори.

Црвениот крст е фокусиран на обезбедување стокови резерви и прифаќање на евентуалниот бран бегалци. Подготвени сме за околу 10 илјади лица што би транзитирале и за околу 200-те од нив што би се сместиле во прифатните центри за период од еден месец. Подготвени сме и ако ситуацијата ескалира, вели генералниот секретар Саити.

Лани, Црвениот крст им помогнал на 37 илјади мигранти кои транзитирале низ земјава, во февруари годинава на 4.700, а во камповите престојувале 309 мигранти.  

 

Милчо Велески