Спасовски: Очекувам да почнеме преговори со ЕУ

03.03.2020 13:16

Премиерот Спасовски оценува – ова е одличен извештај што ги потврдува реформските напори, сега треба да го добиеме она што го заслужуваме.

По извештајот на Европската комисија, во кој повторно се препорачува отворање на пристапните преговори со земјава, премиерот Спасовски оценува – ова е одличен извештај што ги потврдува реформските напори, сега треба да го добиеме она што го заслужуваме.

„Таму се констатира се она што беше направено, дадени се најпозитивни оценки за Северна Македонија, преземени се сите мерки кои што треба да бидат преземени во делот на реформскиот процес и тоа е добра основа, час поскоро да ги започнеме преговорите за членство со ЕУ“, изјави Спасовски при денешната посета на ГП Табановце.

Според него, логично е да се очекува да се добие тоа што е заслужено, особено граѓаните кои, како што наведе, 30 години работат во транзиции и реформи.

Денес кога целата ЕУ, кога сите земји членки укажуваат дека Северна Македонија направи се што требаше да биде направено, нормално е дека очекувам конечно граѓаните да добијат мотив повеќе и да ги отвориме преговорите со ЕУ, рече Спасовски.