Црвениот крст со кампања за предвремено родени и болни бебиња
Црвениот крст почнува кампања за предвремено родени и болнни бебиња. До 17-ти март ќе може да се донираат средства кои ќе бидат наменети за набавка на инкубатори за клиниките за детски болести и неонатологија. Во моментов најмалото бебе на клиниката е со тежина од 1.500 грама.
Хуманоста треба да помогне предвремено родените и болни бебиња да ја добијат неопходната грижа за заштита на нивното здравје. Потребата од најсовремената опрема е важна за речиси 60-тина малечки кои годишно се лечат на клиниките за детски болести и неонатологија.
Црвениот крст со кампања ќе ја поттикнува општествената одговорност на сите луѓе и компании. Клиниките имаат потреба од најмалку три инкубатори. Најмалото бебе кое се лекува во моментов тежи едвај 1,5 килограми.
Според директорката на Клиниката за детски болести, едно на десет новороденчиња предвремено се раѓа во светот. Состојбата е слична и во земјава. Посочува дека смртноста во последните години се намалува.
Кампањата за помош на предвремено родените и болни бебиња трае до 17-ти март, до кога ќе може да се донираат средства на посебните жиро- сметки.
Дијана Ценевска
